Шеик луд по автомобили го направи најголемиот Hummer H1 во светот.
Неверојатното возило може да се пофали со висина од 6,6 m и може да се вози. Долг 14 метри и широк 6 метри, џипот чудовиште го нарачал шеикот Хамад Бин Хамдан Ал Нахјан.
Шеикот, милијардер, член на кралското семејство на Емиратите, го држи Гинисовиот рекорд за најголема колекција на возила 4×4 во светот, броејќи 718 модели.
Таканаречениот Hummer H1 – X3, се вози по патиштата. Базиран на амфибискиот камион LARC-LX на американската армија, тој работи на четири дизел мотори и е способен за максимална брзина од 32 km/h.
Внатрешноста е распослана на два ката, на кои се уште се работи.
На првиот кат има скали, тоалет и мијалник. На вториот приватно место каде што се примаат и забавуваат гостите и пријателите од куќата, со поглед од 360 степени. Содржи и контролна кабина.