Струшките дуќанџии бараат да работат во недела. Затворањето на дуќаните во чаршијата во време на викенди, кога градот е полн со туристи ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на стотина дуќанџии и нивните вработени.
Воведувањето недела неработен ден предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од кризата. Се доведува во прашање егзистенцијата на стотината дуќанџии и нивните вработени.
Општина Струга поднесе барање до Министерството за економија, предлогот во туристичките места да се работи и во недела е испратен до Собранието.
Од Сојузот на синдикати на Македонија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.