Од Министерството за труд и социјална политика денеска изјавија дека новата методологија за плати ќе биде готова до крајот на годината, а ќе почне да се применува од јануари следната година.
Во однос на исплатата на регресот за годишен одмор, министерството посочи дека К-15 треба да биде исплатен до крајот на годината и дека секоја институција во рамки на својот буџет треба да направи релокација и исплата согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ.
Кога зборуваме за обезбедување на К-15 како обврска од Владата, односно на агенциите, министертвата и фондовите кои се во рамки на истата, не станува збор за 138 илјади вработени, туку за околу 11 илјади државна адмнистрација, останатите се дел од јавните претпријатија и општинска администрација. Парите се во рамки на секое министерство, а правото на исплата на регрес за годишен одмор најчесто се исплатува до крајот на годината, така што секоја институција внатре во својот буџет ќе си направи релокација и ќе ги исплати потребните средства согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ, изјавија од Министерството, пренесува Локално.мк