Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално ранливите категории до 16 септември.
Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк.
Документите треба да се достават со Архивата на Општина Кисела Вода, а изборот ќе го врши повеќечлена комисија. Подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата.
Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе жители кои ги исполнуваат критериумите зададени со јавниот повик, на нивно барање, бараната документација може да се достави уште седум работни дена од првично предвидениот рок, односно до 16 септември до 19 часот. Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош, информираат од Општината Кисела Вода.
Оттаму додаваат дека во периодот што следи Општина Кисела Вода ќе излезе со нов сет мерки, со цел, како што велат, овој тежок финасиски период полесно да се преброди.
извор: skopjeinfo.mk