Во врска со зачестените сајбер-напади во државата и регионот, Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки и процедури за заштита од сајбер напади и инциденти.
„Најважна работа за организациите e да се погрижат да се воспостават основите на сајбер безбедност за да се заштитат нивните вработени, корисници на услуги, информации, уреди, мрежи и системи“, се вели во препораката.
Во продолжение на линкот се наведени активности кои имаат за цел организацијата да се осигура дека основните контроли за сајбер „хигиена“ и безбедност се поставени и истите правилно функционираат.
Извор: faktor.mk