Утре, среда (21.09.2022 год), поради градежнизафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“,на потегот од кружниот тек до раскрсницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А, 5 и 5А, ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Затворањетона улицата ќе се одвива фазно.
Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров.
Во таа фаза,возилатаод центар, од улица „Димитрие Чуповски“, ќе вртат лево по булевар „Св.Климент Охридски“, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица „Св.Кирилј и Методиј“, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси.
При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ.
Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје.
Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица „Св.Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Св. Климент Охридски“, потоа ќе продолжуваат по улица „Димитрие Чуповски“ по своите редовни траси.
При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после раскрсницата со улица „Народен фронт“, односно третата канделабра после раскрсницата.
Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улицата која е дел од редовната траса на линиите 4А, 5 и 5А.
Исто така од утре, линијата 24 во реонот на Кисела Вода ќе сообраќа по изменет режим од вообичаениот, поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи.
Во правец од Центар кон Кисела Вода, од улица „11Октомври“ (постојка Зелен пазар) возилата ќе продолжуваат право по улица „11Октомври“ по траса на линија 58, па по улица „Борис Трајковски“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, потоа ќе вртат десно по улица „Народни херои“, на семафорот ќе вртат лево и ќе продолжуваатпо својата редовна траса.
На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.
Во обратен правец, од Кисела Вода кон Центар, возилата ќе сообраќаатпо трасата на линија 58 се до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“,потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса. На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.
Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улиците кои се дел од редовната траса на линија 24.