Сметките на граѓаните веќе извесно време се зголемуваат, бидејќи граѓаните ја депонираат својота готовина во банките поради претстојното воведување на еврото и конверзијата.
Како што дознава РТЛ од Хрватската асоцијација на банки, во јуни оваа година, депозитите на домаќинствата достигнале 255,2 милијарди куни, во јули се искачиле на 259,6 милијарди куни, а според најновите податоци на 263,4 милијарди куни.
Сепак, доколку на сметките се појави сума поголема од 200.000 куни, без разлика кој ја врши готовинската трансакција, банката е должна да прибира и информации за изворот на средствата.
Извор: slobodenpecat.mk