Банкоосигурувањето како иновативно и стратешко партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Полисата за осигурување на живот многупати се докажала како финансиски инструмент со многу привилегии, па затоа Силк Роуд Банка АД Скопје во својата палета на производи вклучи и небанкарски производ - осигурување на живот за корисници на кредит со полиса од Триглав осигурување Живот АД Скопје.
Ова стратешко партнерство подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан, но и значително поповолни услови за кредитирање во една од 15-те експозитури на Банката.
Дополнително, со оваа соработка Силк Роуд Банка ќе го прошири портфолиото на финансиски продукти за своите клиенти и ќе им понуди низа придобивки, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии. Ова стратешко партнерство ќе овозможи комплетно финансиско советување за сите продукти за осигурување на живот во експозитурите на Силк Роуд Банка.
Силк Роуд Банка е докажана финансиска институција и во изминатите 30 години на делување на македонскиот пазар ја рашири својата мрежа на експозитури на ниво на целата територија на државата со единствена цел да се приближи до клиентите и успeшно да одговори на секое нивно барање и потреба.