И покрај најавите на Владата за намалување на цените на основните прехранбени производи за 10 отсто, трговците, сепак, не ги намалија цените на лебот, млекото, месото. Од Организацијата на потрошувачи велат дека можно е намалување, но за сметка на тоа да се намали и грамажата на производите. Така, на пример, доколку лебот од 480 грама се продава за 49 денари, цената ќе се намали на 40 денари, но ќе се намали и грамажата на 400 грама. Од ОПМ остануваат на ставот дека подобра опција е плафонирање на цената на основните прехранбени производи, која ја практикуваат поголем број од земјите во регионот и во ЕУ.
Во врска со укажувањата на трговците дека немале доволно време да се приспособат на новиот Закон за заштита на потрошувачите, од ОПМ велат дека трговците можеле да поднесат свои предлози на време.
извор: zelenaberza.com.mk