Луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата, се наведува во ново истражување објавено во „Мелбурн институт воркинг пејпер“.
Трудот опфатил 3.000 мажи и 3.500 жени на кои им биле поставени прашања за нивните работни навики, како и когнитивни задачи. До 25 работни часа тие биле многу успешни во решавање на задачите, а потоа сето тоа одело послабо и побавно.
- Работата е меч со две сечила. Од една страна, го стимулира мозокот, а од друга, долгото работно време може да предизвика стрес, како и да ја ослабне работата на мозокот - смета Колин Мекензи, еден од авторите на истражувањето.
Интересно е и тоа што луѓето што се веќе во пензија постигнуваат подобри резултати во умствените тестови во споредба со луѓе што работат 55 часа неделно. Стандардното работно време е 40 часа.
извор: nezavisen.mk