Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата – документ со кој се правдаат трошоци и се користи правото на одбивка. Соопштувајќи ја новината во предлог-измените што треба да се изгласаат во Собранието, министерката за финансии Нина Ангеловска денеска истакна дека досега се носеле многу олеснителни мерки за да се подобри работата на компаниите, но не и за сметкопотврдите кои се користат уште од времето на поранешна СФРЈ. Во многу развиени земји, па и во регионот, рече таа, овој документ е укинат и веќе не се користи.
- Светот брзо се менува и денес зборуваме за електронско сметководство и бесхартиена околина и мора и нашата администрација да го следи тоа за сè повеќе да им го олеснуваме работењето на компаниите. Со укинувањето на сметкопотврдата, која произлегува од измената на Законот за ДДВ, компаниите и физичките лица ќе може да го остваруваат правото на одбивка со приложување фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари. Со ова се укинува еден процес за кој не знаеме денес дали и зошто е потребен. Исто така, се ослободуваат ресурси, а многу е важно и заштитата на животната средина затоа што ако ги земеме предвид сметкопотврдите на сите компании, сигурно се работи за многу исечени дрвја за да се продуцира хартијата - рече Ангеловска.
Се укинуваат сметкопотврдите - Правото на одбивка ќе се остварува само со фискална сметка или со картичка
Вести
-
Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“
Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.
-
Европа на удар на силно невреме: Во делови ќе завее снег како среде зима
Западна и централна Европа се под влијание на два циклона, кои носат многу нестабилно време на ова подрачје, а невремето се шири и на југозападна Европа.
-
Денеска е Ѓурѓовден – денот кога се празнува природата и животот
Кај Македонците со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”.
-
Во мај уште еден продолжен викенд
Денеска се одбележува вториот ден на Велигден според православниот календар и е неработен за сите граѓани на земјава.
-
Што ако работиме 7 наместо 8 часа во денот?
Може ли и Македонија, по примерот на Црна Гора, да воведе 7-часовно работно време?
-
ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад
Во светот вообичаена практика е повеќето работи да се вршат во работно време од 9 до 17 часот, пет дена во неделата.