Нема да верувате колку лесно и брзо се пренесува вирусот!
Белгискиот виролог, Марк Ван Ранст сподели видео од јапонски експеримент во кое се гледа колку брзо се пренесува коронавирусот помеѓу луѓето во кафулињата и рестораните.
Експериментот собрал 10 учесници, а судијата бил заразено лице. На рацете му нанеле флуоресцентна боја, а потоа сите седнале на маса да јадат. После половина час, светлата биле изгасени, а под ултравиолетова светлина, честичките можеле да се видат како се шират во целото друштво, на приборот и масата, па дури и на лицата на луѓето.
Со ова уште еднаш се потенцира колку е важно, и покрај релаксирањето на мерките, да имате лична одговорност, редовно да ги миете рацете и да одржувате дистанца.