ASICS - брендот со историја, врвен квалитет и пристапни цени конечно и во Македонија!
Со свечено отварање на салонот во Сити Мол, светскиот бренд ASICS и официјално доби свој застапник во Македонија. ASICS е јапонски бренд со 70 годишна историја, бренд број еден за спортски обувки за трчање.
Името ASICS e акроним од латинската поговорка “Anima Sana In Corpore Sano - Во здраво тело здрав дух“ и овој бренд уште од 1949 година промовира производи и услуга кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.
Милиони луѓе во светот, меѓу кои и истакнати врвни спортисти ги избраа ASICS патиките. Пред 2 години Новак Ѓоковиќ официјално беше претставен како бренд амбасадор на ASICS. Српскиот тенисер со години носеше Adidas патики, меѓутоа по официјалната соработка ги замени со модел од ASICS. Најдобриот тенисер на планетата од минатата година го носи новиот ASICS модел "Court FF Novak", наменет специјално за него.
Отсега, овој модел ќе може да го најдете и во продажниот салон на ASICS во Скопје Сити Мол!
Работното време на салонот е од 10:00 до 18:00 часот, а таму ќе ве пречекаат ведрите лица на персоналот, голем избор на спортки обувки и опрема и изненадувачки пристапни цени.