Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашното гостувањето на ТВ 24, потенцирајќи дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.
„Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита“, рече Манчевски.
Посочива дека денеска имаме 40 новозаболени, но, вели, далеку сме од деновите кога имаше над 100 заразени.
„Затоа сметам дека тоа што ќе произлезе утре од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата. Клучна улога имаа и медиумите кои редовно ги пренесуваат мерките. Ние како држава бевме меѓу првите со мерките, со државните карантини… МВР, конкретно министерот на телевизија каа дека некој го тера да ги казнува граѓаните, а тој не сакал да ги казнува“, изјави Манчевски.
За Манчевски, отсуството на санкции од страна на МВР кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките создава нееднаков третман.
„Дел од заболените се од литијата, дел се од од прославата на МВР, а еве изминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не се почитуваат мерките, немаме информации дали Внатрешна контрола на МВР прави истрага за службениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита“, истакна Манчевски.