Властите инсистираа да нема интервентно зголемување надвор од законската рамка во однос на сумата која ќе биде за новиот минималец во текот на годинава. Синдикатите и натаму инсистиртаат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а веќе се скептични дека таа сума би била доволна и со последните зголемувања на речиси сите производи и услуги кои ги користат граѓаните во текот на тековниот месец.
Од сегашните 24.379 денари мартовската минимална нето плата, согласно Законот за минимална плата ќе биде поголема за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари. Нашите информации велат дека сметководствените бироа веќа се во пресметки на новиот повисок минималец кој ќе започне фирмите да го исплаќаат од први следниот месец па се до 15ти април, оние кои ќе го задоцнат овој рок ќе платат камата во државната каса.
„Исплатената висина на минимална плата во бруто-износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 % од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и – 50 % од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, стои во Законот за минимална плата.
ССМ, го отфрла законското усогласување и зголемувањето на минималецот со конкретен аргументот дека само во последните три месеци вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.500 денари. Според синдикалците усогласувањето на минималната плата не го покрива ни растот на трошоците за живот.
„На едно четиричлено семејство во март му биле потребни 67.818 денари за основните трошоци, а со кирија сумата расте над 83 илјади денари. Само во првите три месеци од 2026 кошницата е повисока за 2.326 денари. Само во март, синдикалната минимална кошница пораснала за 436 денари во однос на претходниот месец“, велат од ССМ.
Работодавачиуте пак како трета страна во приказнава, умно си седат на страна и кога ќе се спомне нивното име тие веднаш почнуваат со жалбите како е тешко да се води бизнис и да се плаќаат високи плати. А секој ден се жалат дека нема работници во Македонија. Продуктивноста им е мала, но никогаш не кажуваат колкав е профитот во однос на платите кои ги даваат на работниците кои се уште не се решиле да заминат од државава.
