Добредојде на пеколното лето: Следуваат температури до 37 степени, жештините ќе потраат и во јули
Актуелно

Добредојде на пеколното лето: Следуваат температури до 37 степени, жештините ќе потраат и во јули

14. 06. 2026.

По неколкуте посвежи денови во средината на јуни, долгорочните прогнози најавуваат нов бран на високи температури кој ќе го одбележи почетокот на летото.

Според прогнозите, до 18 јуни температурите ќе се движат меѓу 27 и 31 степен, по што следува нагло затоплување. Најтопло се очекува да биде на 20 и 21 јуни, кога максималната температура ќе достигне 36, односно 37 степени Целзиусови.

Иако во периодот околу 24 и 25 јуни има можност за краткотрајно освежување и локални врнежи, температурите и понатаму ќе останат високи и ќе се движат над 30 степени.

Долгорочната прогноза покажува дека и крајот на јуни, како и почетокот на јули, ќе бидат во знакот на сончево и топло време. Во последните денови од јуни температурите ќе се движат од 27 до 29 степени, а веќе од 1 јули повторно ќе започнат да растат и ќе достигнуваат меѓу 30 и 32 степени.

Официјалниот почеток на летото е на 21 јуни, а според најавите токму тогаш Македонија ќе влезе во првиот посериозен топлотен бран оваа сезона.

Извор: skopjeinfo.mk