Повторно се отвора „луксузниот рај на Јадранот“ по пет години пауза
Актуелно

Повторно се отвора „луксузниот рај на Јадранот“ по пет години пауза

14. 05. 2026.

По пет години пауза, Свети Стефан во Црна Гора повторно ќе биде отворен за туристи од летото 2026 година. Дел од плажите ќе бидат достапни за јавноста.

Една од најпознатите луксузни дестинации на Јадранот, црногорскиот Свети Стефан, повторно ќе ги отвори вратите за туристите по петгодишна пауза. Познатиот островски комплекс, препознатлив по камените куќи и портокаловите покриви, ќе започне со работа од 1 јули 2026 година.

Свети Стефан беше затворен во 2021 година поради спор меѓу компаниите „Adriatic Properties“ и „Aman“ и Владата на Црна Гора. Главниот проблем бил пристапот до плажите околу островот, што предизвика реакции кај локалното население и доведе до долг политички и правен спор.

По повеќегодишни преговори е постигнат нов договор со кој дел од плажите повторно ќе бидат достапни за јавноста. Меѓу нив се и познатата плажа Свети Стефан, како и помалата Кралeва плажа. Сепак, ексклузивната Кралиčina плажа ќе остане резервирана само за гостите на хотелот „Aman Sveti Stefan“.

Со повторното отворање, туристите ќе можат повторно да уживаат и во вилата Милочер, некогашната летна резиденција на кралицата Марија Караѓорѓевиќ. Свети Стефан има богата историја и некогаш бил рибарско село од 15 век, а подоцна прераснал во светски познат град-хотел кој го посетувале бројни славни личности.

Меѓу најпознатите гости низ годините биле Елизабет Тејлор, Мерилин Монро, Софија Лорен и принцезата Маргарет. Местото е препознатливо и по розовата нијанса на песокот на плажите, создадена од мешавина на ситен песок, школки и камчиња.

Повторното отворање на Свети Стефан се смета за важен чекор за црногорскиот туризам и враќање на една од најелитните дестинации на Јадранот на светската туристичка мапа.

Извор: trn.mk