Исплатата се реализира етапно, согласно обработката на налозите.
Според објавените податоци, парите ќе добијат 528.447 корисници, а вкупно бидат исплатени близу 836 милиони денари (13,6 милиони евра).
Од УЈП информираат дека кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата засега не може да се реализира додека не се коригираат податоците.
Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па парите ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.
Од УЈП апелираат граѓаните кои сè уште не добиле пари од претходни или тековни исплати да ги проверат податоците за трансакциската сметка во апликацијата.
