Најобилни врнежи се очекуваат утре (петок) кога локално ќе има: пороен дожд, грмежи,засилен ветер и услови за невреме и појава на град.
Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилно време со дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, а во сабота се очекува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Температурите во петок ќе се движат од 14 до 23 степени, додека за викендот, особено во недела, повторно ќе бидат во пораст и на југоистокот ќе достигнат до околу 30 степени.
Дополнително, поради јужно воздушно струење, во атмосферата ќе има значително количество сахарска прашина и песок, па дождот што ќе наврне деновиве ќе биде таканаречен „валкан дожд“ .
