Најмногу странски туристи дошле од Бугарија (22.851), по што следуваат туристи од Македонија и Турција, објави РЗС.
Во декември 2025 година во Србија се регистрирани 333.077 туристи, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, а регистрирани се 865.980 ноќевања, односно 1,9 проценти помалку во споредба со декември претходната година, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Бројот на странски гости (186.437) е за 1,3 проценти поголем во споредба со декември 2024 година, додека бројот на домашни туристи е 146.640, односно 0,6 проценти помалку во споредба со истиот период во 2024 година.
Домашните туристи имале вкупно 376.378 ноќевања во декември, или 0,5 проценти помалку во споредба со истиот период во 2024 година, а бројот на ноќевања од странски туристи (489.602) е за 0,5 проценти поголем во споредба со декември 2024 година.
Најпосетувани бањи во декември беа Врњачка Бања, Врдник, Сокобања, Буковиќ Бања и Палиќ, а од планинските центри Златибор, Копаоник, Фрушка Гора, Дивчибаре и Тара.
