Агроаналитичарот Жарко Галетин предупредува дека поскапувањето ќе се движи низ целиот синџир – од производителите, преку преработувачката индустрија, до продавниците.
Особено проблематична е состојбата со пченката, чии приноси се намалени во делови од Европа и САД. Бидејќи таа е важна за сточната храна, поскапувањето може дополнително да влијае врз цените на месото и млекото.
Не се очекува нагло поскапување преку ноќ, туку серија помали зголемувања кои со текот на месеците ќе го оптоварат семејниот буџет.
Според проценката на Галетин, во следните месеци храната во просек би можела да биде поскапа за 20 до 30 отсто, иако нема сите производи да поскапат истовремено или во ист процент.
Сушата и екстремните временски услови стануваат сè поголем економски проблем за земјоделството. Покрај послабите приноси, производителите се соочуваат и со високи цени на горивото, ѓубривата, енергијата и заштитните средства.
Затоа, и без сериозни недостиг на храна, последиците од сушата граѓаните би можеле да ги почувствуваат директно преку повисоките цени во продавниците.
