Компанијата неодамна регистрирала интернет-домен наменет за српскиот пазар, што се смета за можен сигнал за нејзините планови за регионална експанзија. Сепак, од „Масутис“ засега нема официјална потврда дека планира отворање продавници во овие земји.
По преземањето на „Критикос“, „Масутис“ сега има повеќе од 1.200 продавници и годишен промет од околу 2 милијарди евра, со што значително ја зајакна својата позиција на грчкиот пазар.
Синџирот веќе им е познат на македонските и српските потрошувачи, особено на туристите кои често ја посетуваат Грција. Компанијата во последните години активно расте преку преземања и инвестиции во логистиката.
Регистрацијата на доменот во Србија засега останува единствениот конкретен сигнал за можна експанзија. Дали станува збор за подготовка за влез на регионалните пазари или само за заштита на брендот, останува да се види.
