Според Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), до 400 милиграми кофеин дневно се сметаат за безбедни за здрави возрасни лица. Тоа се приближно три до четири шолји кафе, зависно од видот, јачината и големината на кафето.
За бремените жени и доилките, препорачаниот максимум е до 200 милиграми кофеин дневно.
Важно е да се има предвид дека кофеин има и во чајот, енергетските и газираните пијалаци, како и во чоколадото.
Ако почувствувате нервоза, забрзано чукање на срцето, немир или проблеми со спиењето, тоа може да биде знак дека сте внеле премногу кофеин.
Исто така, ако имате проблеми со сонот, добро е последното кафе да го испиете порано во текот на денот.
