Нестабилни облаци се движат кон Скопје – можно е невреме
Актуелно

Нестабилни облаци се движат кон Скопје – можно е невреме

21. 09. 2026.

Нестабилна облачна маса од југозапад се движи кон Скопската Котлина, информира УХМР. Во неа има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Посилно невреме веќе е регистрирано југоисточно од Катланово, каде има пороен дожд, грмежи и локална можност за град. Во Скопје засега се очекуваат умерени врнежи и засилен ветер, но интензитетот може да се разликува во различни делови од котлината.

УХМР препорачува зголемена внимателност, особено за оние кои се на отворено и за учесниците во сообраќајот.

?️ Нестабилното време ќе продолжи и утре. Попладне повторно се можни локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.