„Да оставиме пример, не ѓубре“: Голема акција за чистење низ сите скопски општини
Актуелно

„Да оставиме пример, не ѓубре“: Голема акција за чистење низ сите скопски општини

30. 09. 2026.

Низ сите скопски општини денеска се одржува голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која се очекува да се вклучат неколку илјади волонтери, информира Град Скопје.

Во акцијата учествуваат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и граѓани, со заедничка цел – почисто, поуредно и поздраво Скопје.

Акцијата се реализира под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре“, а организаторите најавуваат дека ова нема да биде еднократна иницијатива.

Планирано е акцијата да продолжи двапати месечно, со цел грижата за јавните површини да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните да се приклучат и со личен пример да придонесат за почист и поуреден град.