Утрото ќе биде ведро и студено, со минимални температури од -1 до 7 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а максималните температури ќе се движат меѓу 22 и 28 степени.
Услови за локален дожд ќе има во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, додека дневната ќе достигне до 27 степени.
Од петок дожд, локално и поројни врнежи
Промената на времето ќе започне утре, кога се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд.
Нестабилните временски услови ќе продолжат и во текот на викендот, а според прогнозата, врнежи се очекуваат и во вторник.
На одредени места дождот ќе биде пообилен, додека локално се можни и поројни врнежи придружени со ретки грмежи.
И покрај промената, утринските температури во наредните денови ќе бидат во пораст.
Според најавите, денеска ќе биде еден од посончевите денови пред периодот на променливо и дождливо време, па граѓаните ќе имаат можност да го искористат релативно топлиот октомвриски ден.
