Избришавте важен документ? Еве зошто можеби сè уште може да се врати
Актуелно

Избришавте важен документ? Еве зошто можеби сè уште може да се врати

08. 10. 2026.

Кога ќе избришете фотографија, документ или видео, тоа не значи дека податоците веднаш исчезнале од компјутерот.

Кај Windows, просторот што го зафаќала избришаната датотека се означува како слободен и може повторно да се искористи. Додека не биде препишан со нови податоци, датотеката понекогаш може да се врати со специјализирани програми.

Внимание со новите податоци

Ако случајно избришете важна датотека, избегнувајте преземање нови фајлови и инсталирање програми на истиот диск. Новите податоци можат да го препишат просторот и да го направат враќањето невозможно.

Кај SSD-дисковите, враќањето може да биде уште потешко.

Кај облачните сервиси, пак, избришаните датотеки најчесто завршуваат во корпа и можат да се вратат одреден период. На пример, кај личните OneDrive сметки рокот е 30 дена.

Затоа „избришано“ не секогаш значи „исчезнато“, но редовната резервна копија е најсигурната заштита од губење податоци.