Горивата поскапуваат, Европејците купуваат електрични автомобили – Македонците сè уште не
Актуелно

Горивата поскапуваат, Европејците купуваат електрични автомобили – Македонците сè уште не

08. 10. 2026.

Скапите горива повторно ја зголемуваат побарувачката за електрични возила во Европа, но Македонија сè уште не го следи истиот тренд.

По неколкугодишна стагнација, продажбата на електрични возила во Европа повторно забрзува. Причина се и високите цени на горивата, кои ги натераа дел од возачите да размислуваат за поевтини алтернативи. Во август, побарувачката за целосно електрични возила пораснала за 52%.

Сепак, ситуацијата во Македонија е поинаква. Интересот за електрични автомобили постои, но нивното учество на пазарот сè уште е далеку од европското. Особено внимание има за помалите и подостапни кинески електрични модели, кои допрва почнуваат да пристигнуваат на домашниот пазар.

Европа забрзува, Македонија заостанува

Европскиот интерес за електрични автомобили повторно расте и покрај тоа што во повеќе земји беа укинати или намалени субвенциите. Скапото гориво дополнително ја зголеми привлечноста на возилата со пониски трошоци за користење.

Во Македонија, пак, изборот и понатаму во голема мера се потпира на традиционалните автомобили со бензински и дизел мотори. Високата почетна цена на електричните возила и ограничената инфраструктура за полнење се меѓу факторите што влијаат врз нивното побавно ширење.

Трендот, сепак, може да се промени со пристигнувањето на поевтини електрични модели, особено од кинеските производители.