Речиси 60% од Македонците се работоспособни – бројка над европскиот просек
Актуелно

Речиси 60% од Македонците се работоспособни – бројка над европскиот просек

08. 10. 2026.

Македонија има поголем удел на население на работоспособна возраст од просекот на Европската Унија. Според податоците на Евростат, 59,5% од населението во земјава се лица на возраст од 20 до 64 години, додека просекот во ЕУ изнесува 58,3%.

Разликите се забележуваат и меѓу македонските плански региони. Најголем удел на работоспособно население има во Полошкиот Регион, каде што 61,6% од населението е на возраст од 20 до 64 години.

Најмал удел има во Скопскиот Регион, со 58,3%.

Каде во Европа има најмногу работоспособно население?

Во Европската Унија, највисок удел на население на работоспособна возраст има во 22 региони во Германија, каде што процентот достигнува 63%. Високи удели има и во одредени региони во Данска и во островските региони на Шпанија.

Од друга страна, во дури 189 региони во ЕУ, работоспособното население сочинува помалку од 55% од вкупната популација.

Станува збор главно за рурални подрачја, меѓу кои внатрешноста на Португалија, големи делови од рурална Франција, поголемиот дел од источна Германија, како и рурални области во Бугарија, Грција и нордиските земји.

Податоците ја покажуваат демографската разлика меѓу регионите во Европа, но и фактот дека Македонија во однос на уделот на населението на возраст од 20 до 64 години моментално е над просекот на ЕУ.