Индексот, изработен од BookRetreats.com во соработка со клиничкиот психолог д-р Натали Датило-Раџан, ги оценувал градовите според пет фактори: сончева светлина, квалитет на спиење, здрава исхрана, време поминато во природа и можности за пешачење.
Сите фактори имале еднаква тежина во конечниот резултат.
Топ 10:
- Лисабон, Португалија
- Хелсинки, Финска
- Орландо, САД
- Атина, Грција
- Единбург, Велика Британија
- Мадрид, Шпанија
- Виена, Австрија
- Будимпешта, Унгарија
- Осло, Норвешка
- Вилнус, Литванија
Листата ја пренесува Time Out, а целта на истражувањето е да ги идентификува дестинациите кои нудат најдобра комбинација од фактори поврзани со расположението и благосостојбата за време на одмор.
