Vrabotuvanje.com - Совети за барање работа и кариера
Сподели
Tweet
Сподели

Совети за барање работа и кариера

Повеќе

Советите на порталот Vrabotuvanje.com.mk се осмислени во две категории: работодавци, работобаратели и совети од правник. Целта е да и понудиме на секоја група низа совети во нејзината област на интерес. Така, работобарателите можат да се информираат за теми како што се аплицирање за работа, селективен процес, управување со кариера, како и да прочитате позитивни искуства од корисники кои успешно пронашле работа преку Vrabotuvanje.com.mk. Работодавците можат да најдат различни совети на тема: избор на вработени, мотивација на вработените и мојот бизнис. Работобарателите можат во рубриката “Совет од правник“ да прочитаат совети од нашиот правник поврзани со работниот однос, правото на годишен одмор, право на боледување и право на породилно отсуство, престанок на работниот однос и други актуелни прашања поврзани со проблеми за добивање отпремнина и пензија. Советите вклучуваат конкретни примери за тоа како треба да изгледа едно CV, како и бројни психолошки вежби и тестови. Ве интересира како треба да изгледа една препорака? Како да напишете квалитетна молба за вработување? Сето тоа можете да го дознаете преку нашите совети. Ако сакате да дознаете уште повеќе, можете да се претплатите на newsletter-от за работобаратели или newsletter-от за работодавци и да бидете во тек со најновите вести и огласи за вработување и да ги следите најновите пракси и актуелности на пазарот на трудот. Вежбите и тестовите ќе ви помогнат да откриете дали сте под стрес, како всушност изгледа едно психолошко тестирање и како да се однесувате кога за прв пат ви прават психолошко тестирање.

Најнови Најчитани

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде