Квалитетно изграден мотивациски систем во една компанија може да придонесе за значително зголемување на нејзината конкурентска способност и продуктивност. Пример за тоа е Нелт СТ, компанија која активно работи и посветува големо внимание на мотивирање на своите вработени.
Грижата за вработените е приоритет број 1 во Нелт
Покрај редовните истражувања за организациската култура и акции за промовирање на организациските вредности, Нелт организира и МАСТЕРС натпревар за своите вработени. Натпреварот се одржува еднаш годишно, а изданието за 2022 година е веќе во тек.
Идеја на натпреварот е мотивација на Агентите за продажба, ЛКА менаџерите и Супервизорите на продажба поединечно, но и тимски, во континуитет во текот на целата година, да бидат посветени и иницијативни во остварување на зададените цели на натпреварувањето.
Пред почетокот на натпреварот одржавме состанок во хотел Хилтон каде што од страна на Менаџерот на продажба беше презентиран целиот концепт на натпреварувањето пред продажната организација.
Потоа на влезот од фирмата поставивме МАСТЕР табла на која е претставена брзината со која натпреварувачите ја освојуваат целта :)
Целта на овој концепт на натпреварување е да се поттикне победничкиот менталитет, натпреварувачкиот дух, тимската работа. Секој вработен има своја индивидуална цел по која што се мери на месечно ниво и за која што може да освои месечна награда. Секој тим има исто така годишна тимска цел по која што се мери и за која што може да ја освои годишната тимска награда, патување на целиот тим на егзотична дестинација - велат од Нелт.
Резултатите се презентираат на креативен начин, во облик на Формула 1 трка, на која возачи се членовите на тимот на Нелт.
Вработените добиваат награди и на месечно ниво. Поединечните награди за февруари 2022 ги освоија:
- ПСР Зоран Милојевиќ
- ПСР Ивана Наневска
- ПСР Катерина Апостоловиќ
- ПСС Благојче Мантевски
- ЛКА менаџер Дејан Величковски
Сакаш да станеш дел од тимот на НЕЛТ СТ - Во моментов бараме Практиканти и Трејд маркетинг асистент