Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Се гради најголемиот аеродром во светот
Властите во Дубаи најавија изградба на нов патнички терминал на аеродромот Ал Мактум, кој се очекува да стане „најголемиот аеродром во светот“, а вредноста на изградбата ќе биде 34,8 милијарди долари.
-
Загадувањето на Охридското езеро алармантно – водата во одредени делови темно кафеава
Од фотографии направени од авион се гледа загадувањето на Охридското езеро, кое во одредени делови е толку алармантно што е потребно да се преземат итни мерки. Наместо чисто сина боја, езерската вода овде на места е темно кафеава. Од „Охрид СОС“ велат дека фотографиите го илустрираат загадувањето на езерото од реката Сатеска.
-
Кога и зошто почнавме да го славиме 1 Мај?
Меѓународен ден на трудот — празник кој се празнува на 1 Мај, и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Празникот има корени во древни пагански фестивали кои го означувале почетокот на летото, па затоа повеќе се слави во северната хемисфера. Старите Келти го нарекувале Белтен, а низ вековите празникот еволуирал, но главната промена била резултат на штрајк.
-
Финансии кренаа рачна – нема поскапување на регистрацијата!
ДРЖ-НЕ ДАЈ ЗА НОВАТА ЦЕНА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА
-
Над 10.000 туристи се очекуваат во Дојран за празниците
За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.
-
Од јули месечна карта за јавен превоз во Берлин ќе чини само 29 евра
Почнувајќи од јули оваа година, жителите на Берлин ќе можат да користат јавен превоз за само 29 евра месечно.
-
Црна Гора воведува седумчасовно работно време!
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.
-
9 работи што ги прават интелигентните луѓе
Според експертите, средината околу вас може драстично да влијае врз вештините на мозокот и начинот на кој размислувате.
-
Зошто не треба да пиете ракија пред јадење?
Пиењето чаша или две ракија пред јадење е обичај дома или во ресторан, но оваа навика не е многу добра за вас.
-
Во мај 5 неработни дена: Еве уште колку остануваат до крајот на годинава
Во среда е 1 мај, неработен ден за сите граѓани, а потоа следува велики петок кој е неработен ден за сите Христијани.