НЕЛТ СТ ДООЕЛ

- Адреса: ул. 32 бр.20 Илинден, 1000 Скопје
- Facebook профил: https://www.facebook.com/NELTgrupa/
КОИ СМЕ НИЕ
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 3.800 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка – во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност – дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondalez, BIC, Jacobs, Jaffa, Crvenka, Neoplanta, Mama’s, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Filippo Berio, Sportex Evropa и Skovin.
НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ
Ние во Нелт знаеме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиваме и задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и поттикнувачко работно опкружување, кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа.
Големо влијание посветуваме на вработување на луѓе кои на најдобар начин ќе придонесат за нашиот успех, а изборот на кадри го вршиме комбинирајќи разни видови на селекција (тестови, интервјуа...), а секогаш имајќи ги во предвид нашите основни компаниски вредности, како и барањата на работните места, како би биле сигурни дека сме ги вработиле вистинските луѓе.
Иницијатива, тимска работа, посветеност, интегритет, професионалност се вредности и ставови кои ги цениме и сакаме да ги развиеме кај сите наши вработени, бидејќи сметаме дека се тие основа за успешност и напредок. Покрај тоа, свесни сме за важноста за мотивирани и стручни кадри, така што професионалниот развој на вработените ни е еден од приоритетите. Интерниот тренинг тим преку целата година работи на унапредување на знаењата на нашите луѓе, во склад со потребите организираме и екстерни обуки.
МОТИВАЦИЈА И РАЗВОЈ
Сите нови колеги на почетокот поминуваат период на иницијална обука во која се запознаваат со своите работни задачи и работата на сите сектори во компанијата. Со цел следење на новите трендови во работењето и развојот на нашите вработени, организирамие и различни типови на обуки кои се прилагодени за секој вработен. Со желба на најдобар можен начин да го пренесеме нашето знаење и искуство, во 2007 година формиран е интерен Тренинг тим кој во моментов брои околу 15 активни членови (асистенти, супервизори, менаџери на различни сектори и специјалисти во одредени области).
За нашите вработени организираме разни видови формални и неформални собири каде го развиваме тимскиот дух помеѓу колегите. Исто така, за вработените организираме различни акции и им овозможуваме најразлични поволности кои можат да допринесат во нивното задоволство на работа.
Сакаш да станеш дел од успешниот тим на Нелт СТ?
Следи ја компанијата и биди во тек со сите огласи за вработување!