Vrabotuvanje.com - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели

ВИВАКС ДОО

 
ПРИРОДНО СИ Е ПРИРОДНО

ВИВА – ПРИКАЗНА
КОЈА ТРАЕ

ДППУ ВИВАКС е формирана во 1994 година и е во приватна сопственост на фамилијата Јосифовски. ВИВАКС се занимава со производство, дистрибуција и продажба на природни овошни сокови, нектари, овошни пијалоци, сирупи, ледени чаеви, газирани пијалоци и овошни каши, под препознатливиот бренд ВИВА повеќе од 25 години.

Од своите почетоци па до денес континуирано бележиме динамичен раст и развој кој се должи првенствено на долгогодишното искуство и познавање на индустријата, постојаното вложување во истражување на пазарот, врвниот квалитет на производите, висококвалификуваните вработени и менаџмент тимот, како и најсовремената опрема и производствени погони.

Како едни од водечките производители во регионот, во 2015 година ја отворивме новата модерна фабрика која што се протега на површина од 50.000 m², а од 2016 година сме горди производители и на природно овошно пире од јаболко, праска, кајсија, вишна, слива и домати со што дополнително ја зацврстивме позицијата како еден од најголемите производители на овошно пире во региониот.

НАШАТА МИСИЈА

“Континуирана идентификација и задоволување на потребите и желбите на нашите потрошувачи преку постојано следење на технологијата, трендовите на пазарот, истражување на пазарот, како и со постојано воведување на иновации насочени кон ултимативно задоволство на крајните потрошувачи“.

​НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ И КОМПАНИСКАТА КУЛТУРА

На самите почетоци нашата компанија броеше седум вработени, за дeнес бројот на вработени да порасне на над 110 вработени во секторите: Производство, Развој на нови производи, Магациско работење, Дистрибуција, Комерција, Набавки, Финансии, Маркетинг.

Компаниската култура на ВИВАКС се темели на:

  • Мотивациски став спрема вработените.
  • Проактивен пристап кон секој предизвик и меѓусебна соработка.
  • Почит и вреднување на секој вработен и соработник.
  • Градење на отворена и искрена комуникација со секој член од тимот.
  • Прифаќање на промените и охрабрување на развој на нови идеи.
  • Поттикнување и поддршка на индивидуалниот раст и развој, преку постојано инвестирање во обуки.

Силната компаниска култура придонесува за голема лојалност од страна на нашите вработени, чиј број од година во година, заедно со компанијата, континуирано растат. Особено радува фактот што дел од вработените се со компанијата уште од самите почетоци на основањето на компанијата.

ДОКАЖАНО НАЈДОБРИ РАБОТНИ УСЛОВИ

Врз основа на извршената годишна ревизија од страна на „Интертек“, интернационална компанија која го следи и оценува исполнувањето на високите стандарди за користење на Disney и Marvel лиценците, на компанијата ВИВАКС како ексклузивен застапник на лиценците во Македонија и регионот, ѝ додели сертификат зa компанија со најдобри услови за работа.

Сертификатот е доделен по проценка на целокупните работни услови во компанијата и ги опфаќа следните области од работењето на ВИВАКС:

  1. Задоволство на вработените
  2. Плати и работни часови
  3. Безбедност и здравје при работа
  4. Менаџмент систем
  5. Работна средина

Oва е само уште еден доказ дека ВИВАКС се грижи за својот тим на вработени, го цени нивното време и труд вложени во компанијата, се грижи за нивната безбедност и здравје при работа, а притоа посветува и исклучително големо внимание за квалитетот и хигиената на производство. Сето тоа го обезбедува преку квалитетно менаџирање на сите процеси од работењето.

СЕКОГАШ КВАЛИТЕТНО И СВЕЖО

Денес ВИВАКС е современа фабрика за природни овошни сокови, нектари, овошни пијалоци, сирупи, ледени чаеви, газирани пијалоци и овошни каши. Објектите се целосно функционални и ги исполнуваат сите санитарно-технички и технолошки предуслови за современо производство. Со цел да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, постојано инвестираме во најнови линии за производство, нови технологии како и во професионален развој на кадрите кои исто така придонесуваат за целокупниот квалитет во работењето. Во процесот на производство постојано се изведуваат тестови на квалитет, во разни фази во нашите хемиски и микробиолошки лаборатории од страна на високо квалификуван и искусен кадар.


 
Со повеќе од 80 различни производи во нашето производно портфолио и најсовремена технологија, ние сме најголемата фабрика за производство на овошни сокови и каши во Македонија и регионот.

ОВОШНИ КАШИ СОЗДАДЕНИ ВО ОВОШНИОТ РАЈ

Имајќи ја природата на наша страна, имаме одлична подлога за производство на овошни каши, особено кашите од праски, јаболка, кајсии, вишни и сливи.


 
Поради близината на нашите добавувачи, лесно постигнуваме брза и ефикасна преработка на овошјето. Се грижиме да ги зачуваме сите хранливи и здрави состојки кои доаѓаат од природата, како што се витамините, природната свежина и вкусот.

КВАЛИТЕТ ВО СЕКОЈА КАПКА

Како производители ние се обврзуваме да испорачаме производи со врвен квалитет кој е резултат на професионалноста и долгогодишното искуство на вработените во секторот Производство и Контрола на квалитет, како и на најсовремената опрема и технологија инсталирани во нашите производствени погони.


    
Целокупната наша заложба во секој сегмент од работењето, резултира со имплементација на HACCP и ISO 22000 серификат (Систем за управување со безбедноста на храната).

Особено сме горди што во 2013 година освоивме 5 златни плакети на Интернационалниот Земјоделски саем оддржан во Нови Сад, како и највредното признание – награда за НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ на VIVA соковите. Сепак, најважниот доказ за квалитет е задоволството на нашите лојални потрошувачи. 

Во 2016 година ја добивме престижната награда „The Licensed product of the Year award – 2016“ што ја доделува Disney, за производ на годината, согласно високиот квалитет и уникатноста на природните сокови за деца со ликовите на Frozen и Avengers.

ДИСТРИБУЦИЈА

Квалитетот на ВИВА производите е препознаен и на меѓународно ниво, а како резултат на тоа нашите производи успешно се извезуваат во повеќе од 20 земји, на четири континенти во светот.

​КАРИЕРА ВО ВИВА

Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија и сте согласни вашите податоци да бидат зачувачи во нашата архива за работните позиции кои ќе бидат отворени во иднина, испратете ја вашата работна биографија на следниот мејл: vrabotuvanje@vivaks.com.mk, со назнака “Надополнување на база на податоци“.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде