Vrabotuvanje.com - Друштво за услуги ПЛЕАСУРЕ ДООЕЛ увоз извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели

Друштво за услуги ПЛЕАСУРЕ ДООЕЛ увоз извоз Скопје

  • Адреса: Мирче Оровчанец бр.25 лок2, 1000

Љубезниот и насмеан високостручен персонал на салонот за убавина Плежр е секогаш спремен да одговори на сите предизвици, се со цел вашиот изглед да го доближи до перфекција.

Нашиот стручен тим ќе се погрижи, убави задоволни и опуштени да зачекорите кон нови предизвици со многу поголема самодоверба!

 

Салонот за убавина Плежр следи и воведува современи светски козметички трендови. Располага со професионални апарати од престижниот германски бренд Jean d’Arsel кои претставуваат висок стандард, а се употребуваат во водечките луксузни салони за убавина во Европа и светот.

Стручните совети и правилно избраните третмани се главниот темел на кој се потпира нашиот
долгогодишен успех.

Воведуваме иновативни методи за работа во согласност со традицијата која гаранција најдобар квалитет на услугите.

Тимот на Плежр ќе ви овозможи висококвалитетна услуга каде вие ќе уживате во беспрекорениот луксузен ентериер и опуштена атмосфера а ние максимално ќе се потрудиме за да ви ја вратиме самодовербата и насмевката на вашето лице.

Зачекорете во нашето царство а останатото препуштете ни го нам.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде