Vrabotuvanje.com - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели

БИОТЕК ДОО

КОИ СМЕ НИЕ

БИОТЕК Лабораторија претставува прва специјалистичка молекуларно генетска лабораторија направена по водечки светски стандарди. Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика. Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БИОТЕК лабораторија ќе нуди комплетна клиничка анализа со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, а високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвен, но и одличен медицински кадар, сакаме да придонесеме максимално кон подобрување на здравјето на луѓето. БИОТЕК управува со две лаборатории со локација во општините Центар и Кисела Вода. 

КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ

Овозможуваме на корисниците високо квалитетна услуга во областа на Биохемија, Имунологија и Хематологија.

Ги почитуваме принципите за добра лабораториска пракса со цел добивање на сигурни и точни резултати.

Квалитетот во лабораториската дијагностика и ефикасноста се основните карактеристики кои ќе не чинат препознатливи и високо рангирани меѓу корисниците и стручната јавност.

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ

Добивање на сигурни и точни резултати од страна на високо квалификуван стручен кадар и користење на најсовремена автоматизирана технологија.

Брзо и правовремено дијагностично и превентивно делување, со цел за зачувување на здравјето на корисниците.

ЛУЃЕТО НА БИОТЕК

Тимот на БИОТЕК е составен од искусни и професионални доктори и медицински лица чијашто основна цел е грижата за здравјето на секој пациент. Распогаламе со стручен медицински тим кој е секогаш достапен за консултации со пациенти. Нашите вработени имаат можност преку работа со најсовремена опрема и технологија максимално да придонесат кон подобрување на здравјето на луѓето. БИОТЕК е секогаш отворен за соработка со талентирани и професионални медицински кадри кои сакаат да работат во одлична работна атмосфера, со најдобри бенефиции, по најнови стандарди и со најсовремена технологија.

Ја делиме истата визија? Приклучи ни се!

КОРПОРАТИВНО ВИДЕО

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде