Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИОТЕК ДОО

 

Биотек ДОО Скопје, објавува оглас за работната позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (општествени науки),
  • Работно искуство во областа од најмалку 2 години,

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини,
  • Одлични организациски вештини,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word и Power Point),
  • Возачка дозвола Б категорија/активен возач

Главни одговорности:

  • Спроведува процес за засновање, продолжување и престанок на работен однос и изработува соодветна документација,
  • Врши пријава/одјава на вработени во АВРСМ,
  • Врши внес и редовно ажурирање на податоци за вработените во деловниот софтвер на Друштвото,
  • Врши прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со: редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства, основни податоци за вработените и податоци за нивно вработување, евалуација на вработени, обуки сертификати на вработени,
  • Следи, применува и обезбедува усогласеност со работното законодавство,
  • Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со регрутација и селекција, onboarding процеси, развој на персоналот и др.
  • Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки и прегледи за нововработени,
  • Комуницира со вработените, ги идентификува нивните проблеми и дава поддршка во решавањето и развојот,
  • Изготвува административни извештаи за потребите на компанијата.

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој,
  • Модерни канцеларии во центарот на градот,
  • Енергична и професионална работна средина,
  • Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии,
  • Подароци за родендени и празници,
  • Конкурентни плати,
  • Јога сесии во работните простории.
 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде