Vrabotuvanje.com - Електротехничар / Електроинсталатер - Скопје - ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електротехничар / Електроинсталатер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје

 
Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е дел од мултинационалната групација на компании во регионот на Западен Балкан. ФИБЕРНЕТ ДОО е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
 
Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место
 
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР/ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР
 
Со искуство или познавање во изградба на јакострујни електро инфраструктури и автоматика
 
 
Работни задачи:
  • Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување, монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
 
 
Потребни квалификации:
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорност во извршување на работните обврски
  • Комуникациски вештини
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок на зададени рокови
  • За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи
 
 
На кандидатите им нудиме:
  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на најмодерни информатички технологии
  • Континуирано усовршување во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
  • Можност за напредување
  • Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
 
 
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
 
Огласот ќе биде активен до 22.07.2018 година.
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде