Vrabotuvanje.com - Спремач во магацин - Скопје - Нимекс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Спремач во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • Нимекс

НИМЕКС Доо е друштво кое опстојува на македонскиот пазар од 1991 година. Денес после долгогодишното успешно работење и опстојување на пазарот, ние сме еден од најголемите увозници и дистрибутери на повеќе големи светски брендови во Македонија.
 
Нимекс Скопје своето работење го организира преку сегментот големопродажба и малопродажба директно од централниот магацин на Нимекс, како магацини на големо, супер и хипер маркети, дуќани, хорека, аптеки и др.
 
Со сопствeниот возен и дистрибутивен парк гарантираме брзо и ефикасно дистрибуирање на нашите производи до сите продажни места во нашата земја за 24 часа од моментот на порачката. (амбулантна продажба).
 
НИМЕКС објавува оглас за работа на позиција:
 
Спремач во магацин
1 (еден) извршител

 

Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во магацинско работење
  • Искуство со компјутерска работа, активно работење со MS Office
  • Здолжително возачка дозвола Б- категорија
 
Одговорности и задачи:
  • Прием на роба
  • Издавање на роба
  • Извршување на работни задачи поврзани со превоз и дистрибуција
  • Водење на евиденција на залихи
  • Изработка на потребната документација неопходна за секојдневно функционирање на магацинот
 
Личен профил:
  • Вредна и одговорна личност
  • Лојалност, флексибилност и енергичност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа во смени
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Почетна плата: 15,000 мкд

 

Својата Професионална биографија (CV), можете да ја испратите преку полето
Аплицирај веднаш, со задолжителна назнака „за оглас за Спремач во магацин“.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција!
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде