Vrabotuvanje.com - Хигиеничар/ка - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе - КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хигиеничар/ка

Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Рок за пријавување:

  • КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.

Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:

ХИГИЕНИЧАР/КА – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе
М/Ж


Одговорности

  • Празнење на канти за отпадоци или слични садови, транспорт на отпаден материјал до одредени места за собирање;
  • Миење на подови и бришење на прашина; 
  • Вшмукување и чистење на теписи;
  • Користење на електрични машини за прочистување, полирање, лакирање и чистење на подови (по добивање соодветна обука);
  • Користење на машини на електричен погон;
  • Чистење на прашина, влажно бришење, миење корнизи, прозори, надворешни површини на шкафови, радијатори, полици;
  • Континуирано надополнување на потрошен материјал (сапун, тоалетни ролни, хартиени крпи);
  • Чистење на тоалети, уринарии, мијалници, тушеви и чешми;
  • Користење на хемиски средства во извршувањето на постапки за чистење или процедури за одржување, по добивање на соодветни инструкции и обука;
  • Чистење на кујната, работните бироа и останата работна површина;
  • Да извршуваат други разумни должности во рамките на целокупната функција на работата.


Барања, вештини и компетенции

  • Диплома за завршено средно образование;
  • Пожелно предходно работно искуство како хигиеничар; 
  • Способност да се работи со машини;
  • Познавање на хемикалии за чистење и организирање на резерви;
  • Познавање на материјалите согласно безбедносните мерки;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност, организираност, одговорност.


Компанијата нуди

  • Пријатни услови за работа;
  • Организиран превоз;
  • Храна.


Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 02.05.2024 година, со наслов Хигиеничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. 
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде