Vrabotuvanje.com - Работници во Производство - Скопје - Rade Koncar TEP
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работници во Производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • Rade Koncar TEP


 

Раде Кончар ТЕП е водечка компанија во металопреработувачката и електро-индустрија како во Македонија така и во останатите Балканските земји. Претставува дел од брендот "Раде Кончар" што егзистира 70 години.
 
Од своето основање во 2006 година, ТЕП како дел од Раде Кончар-Сервис, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија.
 
Успехот на нашите производни решенија се должи на посветеноста, професионалноста и страста на нашиот тим, постојано следење на барањата на пазарот и светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на нашите решенија.
 
Веруваме дека постојаното инвестирање во истражување и развој е суштински дел од поддржување на иновативна и развојна економија, која помага во одржување на работни места со висока вредност и помага во привлекување на нови бизнис можности и талентиран кадар.
 

работници во производство
4 (четири) извршители

 

Потребни квалификации:
  • Завршено средно машинско образование
  • Со и без работно искуство
  • Познавање на работа на машина во фабрика за производство на делови од лим (сечење,пробивање,виткање,...)
  • Добро читање (разбирање) на технички цртежи
  • Се преферира кандидатот да биде на возраст до 45 години
 
Работа во смени: прва и втора (по потреба трета која се плаќа дополнително)
 
Работно време:
  • Прва смена 7-15 часот
  • Втора смена 14-22 часот
  • Од понеделник до петок (доколку е потребно и сабота со дополнителен финансиски надоместок)

Ние нудиме:

  • Почетна нето плата: 15.000 мкд 
  • Пријавување од прв работен ден

 

​Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата професионална биографија (CV) преку полето Аплицирај.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде