Vrabotuvanje.com - Продавач / Касиер - Струга, Штип, Радовиш - Макпетрол АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач / Касиер

Струга, Штип, Радовиш

Рок за пријавување:

  • Макпетрол АД

 
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 4 работници на определено време од 4 (четири) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место продавач II категорија и продавач касиер I категорија на бензинските станици на територија на Република Македонија, и тоа:
 
РЕГИОН ОХРИД
 
Бензинска станица во Струга
  • 1 работник на работно место продавач - касиер I категорија;
  • 1 работник на работно место продавач II категорија
 
РЕГИОН СТРУМИЦА
 
Бензинска станица во Штип
  • 1 работник на работно место продавач II категорија 
 
Бензинска станица во Радовиш
  • 1 работник на работно место продавач II категорија 
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно стручно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
 
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 20.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
 
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Марија Тодороска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање. 

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

 

 
МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде