Vrabotuvanje.com - Градежен инженер - Скопје - ЕХИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Градежен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕХИ ДООЕЛ


ЕХИ има потреба од следната работна позиција:

  1 (еден) Дипломиран Хидро Градежен Инженер за изведба во областа Хидротехника

Неопходни компетенции:
  • ВСС – Градежен факултет – хидро градежен инженер 
  • Искуство во релевантни проекти од споредлива природа и степен на сложеност во својство на Граджен инженер –за изведба (изградба / реконструкција на канализации, водоводи, системи за прочистување на питки и отпадни води и други хидротехнички објекти
  • Со работно искуство од минимум 5 (пет) години 
  • Задолжително поседување на А или Б овластување за изведба од КОАИ на Р.Македонија 
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet и Auto CAD
  • Поседување возачка дозвола Б категорија
Опис на работните задачи:
  • Раководење и координирање на хидротехнички проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите работи поврзани со изведбата на проектите
  • Во текот на извршувањето на договорените работи да ги координира сите фази од градбата со инвеститорот, надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби
  • Организирање на потребните ресурси (работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања
  • Надгледување на развојот на проектот и давање на насоки кога е потребно
  • Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот, Надзорот и Инвеститорот
  • Познавање  на  оперативни  практики  на  градење  и  следење  на  стандардите  и нивните промени
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење
 
Клучни способности:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, и способност за работа со различни тимови
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Решавање на проблеми
Ние нудиме:
  • Работен однос заснован на неопределено време
  • Можност да сте дел од успешна компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество на меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции
     

Работно време со почеток 08 часот до 16 часот; 40  часа неделно; 8 часа дневно.
Ви нудиме работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
 
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV) со слика, диплома, овластувања, потврди и др најдоцна до 29.07.2019 година преку полето Брза Апликација со назнака “Хидро градежен инженер”. Телефон за контакт 02/2460-075.

Огласот трае 20 (дваесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Некомплетни и подоцна пристигнати пријави нема да се разгледуваат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде