Vrabotuvanje.com - Сменски приемач/отпремач - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сменски приемач/отпремач

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal

 
АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 
 
Сменски приемач/отпремач 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Припрема диспозиции по нарачка и налози за испорака и ги пријавува за утовар 
  • Секојдневно ги прати нарачките, налозите и нивното исполнување 
  • Го контролира приемот и складирањето на материјалот 
  • Попишува предатници и одговара за исправноста и точноста на примениот материјал 
  • Го складира примениот материјал на посебни локации по димензии, позиции и купувачи
  • Бара да се разрешат пакетите и котурите кои не одговараат на нормите за правилно спакуван и обележан готов производ 
  • Врши диспозиции и ги пријавува за утовар 
  • Го контролира утоварот на готовите производи по димензии, позиции и квалитет 
  • Се грижи за правилно и прописно утоварање на материјалот во возило или вагон 
  • Врши прокнижување на испратниците на составени нарачки и позиции и го   прати нивното исполнување 
  • Изготвува пропратна документација 
  • Врши разврстување на документацијата по одредени служби 
  • Врши вагање на возилата што товараат и истовараат во Арцелормиттал Скопје
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа 
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
 
Потребни квалификации:
  • Средно стручно образование
  • Со работно искуство
  • Основно познавање на Англиски јазик
  • Добро познавање на MS Office (Excel) 
 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација Сменски приемач/отпремач“ најдоцна до 20.17.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде