Vrabotuvanje.com - Продавач во амбулантна продажба - Скопје - ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач во амбулантна продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје

Лакталис МК ДООЕЛ Скопје,Гази Баба има потреба од следната работна позиција​

 
Продавач во амбулантна продажба
за реон Скопје 3 три (извршители)
rt
 
Позиција во организациската структура:
  • Одговара за остварување на резултатите од продажбата (волумен) и реализација на поставените дневни и месечни цели за продажба. Ги имплементира стандардите на компанијата при извршувањето на обврските за делување на пазарот.
 
Опис на работата:
  • Гарантира постојано прибирање на податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи и презема акции за подобрување на дистрибуцијата и продажбата на дневна основа
  • Врши амбулантна достава и продажба од комбе, зголемувајќи го бројот на купувачи
  • Ја следи дистрибуцијата на производите на конкуренцијата во регионот. 
  • Контактира и соработува со дистрибутери и ги спроведува активностите за подобрување на волуменот на продажба и дистрибуцијата. 
  • Одговара за остварување на целите за продажба на дневна основа.
  • Врши посета на купувачите кои се наоѓаат на дефинирана листа за продажба и преговара за продажба на определни производи.
  • Се грижи за целокупниот асортиман кој треба да се испорача следниот ден на купувачите како и за доволна количина на залиха на производи кај купувачот со цел да спречи недостаток на производи во понуда.
 
 
Потребни квалификации:
  • ССС
  • Претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност
  • Пожелно е искуство во работа со возила, познавање на дистрибуција и комерцијален пазар
  • Возачка дозвола Б категорија задолжително, Ц категорија ќе се смета за предност
 
Ние нудиме:
  • Месечни бонуси согласно поставените таргети и КПИ​

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде