Vrabotuvanje.com - Продажен референт - Скопје - Скопје - Office Plus
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен референт - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Office Plus


Офис Плус, водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, има потреба да вработи:

 ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ
За Тобако на Меѓународен аеродром Скопје

 


Потребни квалификации:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Познавање на англиски  јазик 
  • Одлично познавање на работа со компјутери

 

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
  • Проверка на декларации и редење на производи
  • Изработка на потребна документација
  • Одржување на хигиена во продажното место

 

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

 

Ние нудиме:

  • Од понеделник до недела (прва смена 04.00-12.00, втора смена 12.00-20.00)
  • После секои четири работни дена два дена слободни
  • Превоз обезбеден од страна на компанијата


Вашата Професионална Биографија  (CV) можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде