Vrabotuvanje.com - Градежни техничари или лаборанти за работа во лабораторија - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Градежни техничари или лаборанти за работа во лабораторија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје
 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 
О Г Л А С
ЗА РАБОТНИ МЕСТА
 
3 (тројца) Градежни техничари или лаборанти за работа во Лабораторија


 
Неопходни компетенции:
  • Средно образование ССП (градежен техничар или хемиски техничар)  
  • Со или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со работно искуство) 
  • Познавање на англиски јазик, 
  • Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD),
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
     
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.

 
Потребни способности и вештини:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Одговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија
  • Врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и изработува писмен извештај
  • Помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проекти и испитувања и подготвува техничка документација
 
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Брза Апликација
 
Телефон за контакт 02/3091-945
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде