Vrabotuvanje.com - Продавач - Скопје - Sanmarti Doo
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Sanmarti Doo
  • Адреса: ул. Маршал Тито бб, 1200

Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.

Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.

За нашиот малопродажен салон AquaBau Market – Скопје, објавуваме оглас за

ПРОДАВАЧ (м)

Основни работни задачи и одговорности:

  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
  • Развивање и одржување на односите со клиентите.

Очекувани способности и вештини:

  • Претходно работно искуство во продажба;
  • Искуство во санитарија и материјали за завршни работи во градежништво ќе се смета како предност при изборот;
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за брзо учење и прилагодување на работното место;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Мотивирана, стабилна, услужлива личност.


Месечниот надоместок и подеталното утврдување на условите на работа ќе се регулираат на усно интервју со избраните кандидати!

​Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде