Vrabotuvanje.com - Аналитичар на производствени трошоци - Скопје - Виталиа Никола и др. ДОO
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар на производствени трошоци

Скопје

Рок за пријавување:

  • Виталиа Никола и др. ДОO

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна поради зголемување на производните капацитети и отварање на нов погон за производство на барови, објавува слободно работно место на позиција:

АНАЛИТИЧАР
на производствени трошоци

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (машиниски или технолошки  факутлтет);
  • Претходно работно искуство;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Работни обврски:

  • Контунуирано ги следи, собира и обработува сите податоци поврзани со трошоци на прозводство. Креира, одржува и дневно ажурира база на основни категории трошоци;
  • Пресметува цена на чинење на производите за потребите на менаџментот и продажбата;
  • Известува за трошоци поврзани со: набавката на материјали, начинот на обработка, директните и индиректните трошоци на производството, доработките, шкартот, персоналните трошоци, рекламациите, трошоците настанати по основа на гаранции и др;
  • При пресметките изнаоѓа и применува напредни методологии за инженеринг на трошоци;
  • Изготвува редовни аналитички извештаи;
  • Извршува контрола на реалните и предвидени трошоци поврзани со поголеми проекти;
  • Го советува менаџментот за можности за заштеди како и за оптимално инвестирање и искористување на ресурсите на компанијата;
  • Врши предвидувања на трошоци, изготвува симулации со избор на повеќе опции, предлага решенија со најголеми заштеди.

Работа  во 2 смени

Платени патни трошоци и обезбедна храна

 

Доколку сакате да стекнете нови кариерни искуства и успеси и сте спремни да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде